- Опис на Патувањето
- Галерија
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
Вила Мина Лукс – Ипсос
Вила „Мина Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради. Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од дво и тро креветни студија и четвoро и петто креветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, ви-фи интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). За секој патник следува по два пешкири (еден мал и еден голем), додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Климата во студијата се доплаќа 5евра од ден, додека во дуплексите е 10 евра од ден (во секоја соба има по една клима) по желба.
ПОНУДАТА е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице.
FIRST MINUTE цените важат со 50% уплата до 15.03
Цените означени со промо се за предсезонските термини.
На овие цени нема одбивање за сопствен превоз.
| 7 ноќи и превоз | ВИЛА МИНА ЛУКС (базен) студио 1/2, 1/3, дуплекс 2+2, 2+2+1 |
||
| Термин: | ТИП СОБА | РЕДОВНА ПО ЛИЦЕ |
FIRST MINUTE |
| 23.05 – 30.05 | 1/4 1/5 |
129€ | 79€-промо |
| 1/3 1/2 |
149€ | 89€-промо | |
|
30.05 –06.06 |
1/4 1/5 |
139€ | 89€-промо |
| 1/3 1/2 |
159€ | 99€-промо | |
| 06.06 – 13.06 | 1/4 1/5 |
149€ | 109€-промо |
| 1/3 1/2 |
169€ | 119€-промо | |
| 13.06 – 20.06 | 1/4 1/5 |
169€ | 139€ |
| 1/3 1/2 |
189€ | 149€ | |
| 20.06 – 27.06 | 1/4 1/5 |
189€ | 149€ |
| 1/3 1/2 |
209€ | 169€ | |
| 27.06 – 04.07 | 1/4 1/5 |
219€ | 179€ |
| 1/3 1/2 |
249€ | 209€ | |
| 04.07 – 11.07 | 1/4 1/5 |
239€ | 199€ |
| 1/3 1/2 |
269€ | 219€ | |
| 11.07 – 18.07 | 1/4 1/5 |
269€ | 219€ |
| 1/3 1/2 |
299€ | 239€ | |
| 18.07 – 25.07 | 1/4 1/5 |
299€ | 249€ |
| 1/3 1/2 |
329€ | 269€ | |
| 25.07 – 01.08 | 1/4 1/5 |
299€ | 249€ |
| 1/3 1/2 |
329€ | 269€ | |
| 01.08 – 08.08 | 1/4 1/5 |
299€ | 249€ |
| 1/3 1/2 |
329€ | 269€ | |
| 08.08 – 15.08 | 1/4 1/5 |
299€ | 249€ |
| 1/3 1/2 |
329€ | 269€ | |
| 15.08 – 22.08 | 1/4 1/5 |
299€ | 249€ |
| 1/3 1/2 |
329€ | 269€ | |
| 22.08 – 29.08 | 1/4 1/5 |
269€ | 209€ |
| 1/3 1/2 |
299€ | 239€ | |
| 29.08 – 05.09 | 1/4 1/5 |
249€ | 199€ |
| 1/3 1/2 |
279€ | 229€ | |
| 05.09 – 12.09 | 1/4 1/5 |
229€ | 169€ |
| 1/3 1/2 |
259€ | 199€ | |
| 12.09 – 19.09 | 1/4 1/5 |
199€ | 139€ |
| 1/3 1/2 |
229€ | 169€ | |
| 19.09 –26.09 | 1/4 1/5 |
189€ | 119€-промо |
| 1/3 1/2 |
209€ | 129€-промо | |
| 26.09 –03.10 | 1/4 1/5 |
149€ | 99€-промо |
| 1/3 1/2 |
169€ | 109€-промо | |
ОПИС НА СОБИТЕ:
ПРИЗЕМЈЕ:
*Собите 1, 2, 3 се дуплекс апартмани кои имаат две спални соби со голема тераса која се протега на двете соби. Едната спална е физички одвоена со врата, додека другата од кујната и трпезаријата е одвоена со шанк. Тоалетот е одвоен од двете простории.
*Соба 10 дуплекс апартман со две посебни спални соби, помеѓу кои се наоѓаат кујната и тоалетот. Апартманот има две посебни тераси, едната гледа кон базенот, а другата е затскриена и идеална за приватност.
*Соба 11 е трокреветно студио, каде што два кревета се со стандардна големина, додека третиот е стандарден кревет со помала димензија (190см х 60см), но погоден за возрасно лице. Студиото има кујна, тоалет и тераса која гледа на базенот.
*Соба 12 е стандардно двокреветно студио со кујна тоалет и тераса со поглед на базенот.
ПРВ СПРАТ:
Собите 4, 5 и 6 се дуплекс апартмани кои имаат две спални соби и две посебно одвоени тераси кои гледаат кон базенот. Двете соби се со своја врата, и се одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот. Постои можност за петти кревет, кој е помал, но соодветен и за возрасно лице (димензија190см х 60см).
*Соба 14 двокреветна соба, каде што кујната е во една просторија, а спалната соба во друга. Од спалната соба се излегува на терасата која има поглед на базенот.
*Соба 15 трокреветна соба во која кујната е во една просторија во која има еден стандарден кревет и уште една спална соба која излегува на терасата која има поглед на базенот.
ВТОР СПРАТ:
Собите 7, 8 и 9 се дуплекс апартмани кои имаат две спални соби и две посебно одвоени тераси кои гледаат кон базенот. Двете соби се со своја врата, и се одвоени од кујната, трпезаријата и тоалетот. Постои можност за петти кревет, кој е помал, но соодветен и за возрасно лице (димензија190см х 60см).
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 евро по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
• Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени се на попуст не се одземаат
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти.
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 20 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 80 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.





There are no comments yet.