+389 [0] 34-345-411    |    +389 [0] 70-347-791    |    novatravel.ms@gmail.com
Лиценца A

МАДРИД

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
1 ден (07.03.2026) Скопје – Мадрид Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.. 2 ден (08.03.2026) МАДРИД Појадок. После појадокот имаме...

Опис на патувањето

1 ден (07.03.2026) Скопје – Мадрид

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање..

2 ден (08.03.2026) МАДРИД

Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (09.03.2026) МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.

4 ден (10.03.2026) МАДРИД

Појадок. Оставање на багажот во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата)…. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 20:45ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:15ч.

Цена на аранжманот : 449 евра ( 37.840 денари) 

 

Цената вклучува:                                                                               

Директен лет на релација Скопје – Мадрид – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
Сместување во хотел 3*, 3 ноќевања со појадок;
Организирани прошетки според програматa;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Цената не вклучува:

Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
Доплата за еднокреветна соба 200 евра
Патничко осигурување;
Билети за јавен превоз со метро

Факултативни посети:
-Пешачки разглед со локален водичЦена за пакет: 35 €
Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водичЦена за пакет: 85 €
– Фламенко со појадок – Цена за пакет: 55€

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.
Дете до 2 години плаќа 4900 денари. Дете од 2 до 12 години плаќа 499 евра.

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

1 ден (07.03.2026) Скопје – Мадрид Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.. 2 ден (08.03.2026) МАДРИД Појадок. После појадокот имаме...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://novatravel.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png

ДПТУ НОВА ТРАВЕЛ ДОО

Туристичка агенција со лиценца А, 20 години постоење.

Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 


Viber


WhatsApp

Е-пошта: 
monikanakovska@novatravel.mk
silvanadedejska@novatravel.mk
contact@novatravel.mk
novatravel.ms@gmail.com

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    МАДРИД

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *