МАУРИЦИУС
Индивидуална програма со лет од Скопје
ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ АПРИЛ 2024(8 дена / 7 ноќи)
Маурициус е вистинскиот избор за сите оние кои посакуваат рекреација и спорт во својата авантура. Ова е дестинација која ќе ги задоволи и најпребирливите авантуристи затоа што нуди врвно планинарење, kite surfing и нуркање. Целиот остров е опкружен со масивен корален гребен и претставува вистинско уживање за искусни нуркачи. Покрај прекрасните плажи и лагуни кои се заштитен знак на островот, внатрешноста е богата со прашуми, водопади, планинарски стази и див свет. Зелените шуми обезбедуваат дом за ретки растителни и животински видови, како што е летечката лисица која може да се сретне само тука. Во прочуениот парк Касела (Casela) ќе доживееме сафари авантура и ќе видиме зебри, камили, лавови, тигри, на плажата Тамарин (Tamarin) ќе видиме делфини и китови, а во селото Чамарел (Chamarel) и џиновски желки
Цени
Хотел | Услуга | Тип на соба | Цена |
---|---|---|---|
02-09.04.2024 (7ноќи) | |||
Le Palmiste Resort & Spa 3* | Полупансион | Цена по лице во двокреветна соба | 1.339 € |
Casuarina Resort & Spa 3* | Полупансион | Цена по лице во двокреветна соба | 1.450 € |
Pearle Beach Resort and Spa 4* | Полупансион | Цена по лице во двокреветна соба | 1.530 € |
Напомени
Детали од лет
TK1006 01APR SKPIST 2020 2255 // TK 176 02APR ISTMRU 0150 1235
TK 177 09APR MRUIST 2005 0510+1 // TK1003 10APR ISTSKP 0725 0750
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Авионска карта со TURKISH AIRLINES согласно политика на авио компанија, на економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж)
- Аеродромски такси
- 7 ноќевања во хотел по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база полупансион, согласно политика на хотел и протоколи
- Оброци во хотелот и пакет по ваш избор
- Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Маурициус
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
- Патничко, здравствено осигурување
- Индивидуални и лични трошоци
- Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).
Услови:
- При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
- Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
- Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
- Задолжително патничко осигурување
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).